Досега 22.661 јавување на „Ало докторе“ 1


Вкупно 22.661 повици во изминатите пет месеци имало на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“. Во изминатите седум дена (од 9 февруари до 15 февруари) за медицинска помош на линијата се јавиле 1.210 граѓани. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет на линијата, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им била дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија, кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, зголемена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка. Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на Јавните здравствени установи. На линијата денеска од 18 до 22 часот дежурна ќе биде проф.др.Лидија Чевревска од Клиниката за хематологија, а утре проф.др.Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби. На 18 февруари во повикувачкиот центар „Ало докторе“ дежурен ќе биде доктор Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија, на 19 февруари доктор Емилија Велкова од Републички завод за трансфузиологија, на 20 февруари проф.др. Зоран Спировски, директор на Клиниката за торакално васкуларна хирургија, на 21 февруари проф.др.Игор Кузмановски, директор на Клиниката за неврологија, а на 22 февруари проф.др. Александар Чапаровски од Клиниката за неврохирургија.


One thought on “Досега 22.661 јавување на „Ало докторе“

  • Дијана

    Навистина корисен проект за пациентите, јас имав случај во 2 часот навечер да се јавам за консултација. Супер сте, само продолжете да помагате на пациентите кога најмногу им треба.

Comments are closed.