Над 22.000 граѓани се јавиле на телефонот 02/15 123 од 15.09.2014 година, откако почна да работи телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ.
Само во изминативе 7 дена се реализирани 1.252 повици за побарана медицинска помош или совет од 22 доктори, кои се достапни за медицински совет, јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавија на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија доколку било потребно, поради здравствената состојба за која ја повикале линијата Ало докторе.
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија, кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлање, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Граѓаните имаат можност да се јават во повикувачкиот центар АЛО ДОКТОРЕ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет, каде дежурни и достапни се и директорите на јавните здравствени установи.
Во текот на денешниот ден (понеделник) од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе ќе биде дежурен проф.д-р Михаил Пенев, директор на клиниката за урологија, додека утре (вторник) дежурен ќе биде д-р Милан Ристевски од клиниката за радиотерапија и онкологија.
На 11.02.2015 год (среда) во повикувачкиот центар Ало докторе ќе дежура д-р Славица Шубеска Страткова, директор на клиниката за ендокринологија, на 12.02.2015 (четврток) дежурен е д-р Реџеп Селмани од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести,анестезија, реанимацијаи интензивно лекување, додека во петок на 13.02.2015 год. – д-р Аспазија Софијанова, директор на клиниката за детски болести. Во сабота14.02.2015 на 02/15123 од 18 ч до 22 часот дежурен ќе биде д-р Сашко Кедев од Клиниката за кардиологија и на 15.02.2015 год.- проф. д-р Александар Шиколе од Клиниката за нефрологија.