Совети при ладно време


Заштитете се себеси и другите при ладно време

• Информирајте се слушајќи ги временските прогнози.
• Земете го и времето во предвид при планирање на вашите активности за следните дена.
• Избегнувајте да се изложувате себеси на ладно или пак на замрзнати надворешни услови доколку сте под поголем ризик од болести поврзани со ладното или паѓања.
• Размислете за набавка на основните лекарства и намирници порано, да ви ги достават, или пак да прашате пријател или сосед за помош.
• Избегнувајте да излегувате надвор освен ако не е неопходно – но бидете активни и движете се и внатре, колку можете повеќе.
• Проверете го греењето во домот. Најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21OC).
• Проверувајте ги членовите од семејството, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (постарите лица или оние со белодробни заболувања) редовно или координирајте посети за време на екстремно ниските температури.

Општи совети

• Запомнете дека здравствените последици од ладното време се резултат на ладење на вашето тело, а не зависат само директно од температурата.
• Планирајте ги активностите според времето (температура, ветер, дожд/снег) и очекуваната активност (лесна или тешка вежба).
• Доколку почувствувате знаци на студ избегнете го понатамошно ладење така што ќе ја приспособите вашата облека, со вежбање или пак влезете во затворен простор.
• Физичката активност помага да останете загреани на ладно.
• Не ракувајте со ладни предмети со голи раце.
• Заштитете ја голата кожа од смрзнатици кога температурите се пониски од -10°C.
• Земете ја во предвид вашата здравствена состојба при планирање на надворешните активности и прашајте го вашиот доктор дали имате потреба од приспособување на вашите лекарства за време на зимата.
• Можеби нема да осетите жед на ладно, но треба да запомните да пиете редовно. Пијте најмалку 2 литра на ден и повеќе, доколку сте физички активни.
• Пијте течности кои не се ладни.
• Јадете доволно бидејќи тоа ја одржува температурата на телото.
• Избегнувајте алкохол бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија.
• Препознајте го ризикот од белодробни инфекции и избегнувајте ладење на телото.