СО ЗДРАВА ИСХРАНА СЕ НАМАЛУВА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК


Едно неодамнешно истражување покажало дека хипертензијата (зголемен крвен притисок) и во својот поблаг облик може да доведе до предвремено стареење и оштетување на мозокот, но и на видот. Освен со лекови постои алтернативен начин со храна да го држите крвниот притисок под контрола:

Лук – Истражувањето спроведено 2010 година, во Австралија, покажало дека лукот е еден од најпознатите и најчести природни лекови кои го намалува нивото на холестеролот и на високиот крвен притисок. Ако сакате да ја избегнете непријатната миризба предизвикана од консумирање на свеж лук, тогаш користете лук  во облик на  таблети или капсули.

Бадем – Секојдневна консумација на неколку бадеми може да направи значајна разлика во висината на крвниот притисок.  Тие се клучна компонента во исхраната за запирање на хипертензија, бидејќи се богати со незаситени масти кои помагаат во намалување на холестеролот во крвта, го ублажуваат воспалението на артериите и го намалуваат крвниот притисок. Бадемите се едни од најделотворните јаткасти плодови кои го помагаат  кардиоваскуларното здравје.

Лута пиперка – Лутата пиперка е несомнено едно од најбрзите средства за намалување на крвниот притисок. Ги шири крвните садови со што протокот на крвта е послободен, па оттука се намалуваат крвниот притисок и притисокот на ѕидовите на артериите. Лутата пиперка е една од опциите природно да го намалите притисокот.

Какао – Богато со флавоноиди и други антивоспалителни хранливи материи, сировото какао е уште едно прехранбено „оружје“ против хипертензијата. Флавоноидите во какаото дејствуваат како адаптогени, помагајќи му на телото да се справи подобро со стресот, кој е честа причина за хипертензија. Исто така, тоа помага во намалување на хормоните на стресот, кои играат клучна улога во регулирањето на крвниот притисок.

Куркума – Еден од познатите прехранбени предности на куркумата се однесува на нејзината способност да ги намали воспалителните процеси во организмот. Имајќи предвид дека воспалението е примарна причина за висок крвен притисок, со намалување нана истото куркумата помага во подобрување на кардиоваскуларната функција и одржувањето на здрав проток на крвта. Користен заедно црн пипер, помага во опуштање и чистење на крвните садови. Куркумата е и природен разредувач на крвта, и секако, моќна билка во борба против хипертензијата.

Сок од кокос – Сокот од кокос е богат со калиум, електролити и други важни хранливи состојки. Кокосовиот сок докажано помага за значително намалување на крвниот притисок кај повеќето луѓе кои го консумираат.

Snezana Makrevska

Прим. Д-р Снежана Макревска

специјалист по општа медицина