Од септември досега 28.762 повици на „Ало докторе“


На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември досега имало 28.762 повици.
Во изминатите седум дена од 16 до 22 март за медицински совет на линијата се јавиле 985 луѓе. Дваесет и еден доктор се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, зголемена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Во повикувачкиот центар „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
На линијата дежурен денеска од 18 до 22 часот ќе биде директорот на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија д-р Милан Ристевски, а утре директорката на Клиниката за ендокринологија д-р Славица Шубеска Страткова. На 25 март дежурен во центарот „Ало докторе“ ќе биде директорот на Ургентниот центар, д-р Реџеп Селмани, на 26 март директорот на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, а на 27 март директорот на Клиниката за кардиологија проф.д-р Сашко Кедев.
На 28 март на дежурен на линијата од 18 до 22 часот ќе биде директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Александар Шиколе, а на 29 март директорката на Клиниката за хематологија, проф.д-р Лидија Чевревска.