На „Ало докторе“ од септември досега 34.082 повици


На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември до вчера имало 34.082 повици, при што во текот на последната недела (од 27 април до 3 мај) за медицински совет на линијата се јавиле 988 граѓани.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет на линијата се достапни 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови и совети за алергиите кои се доста присутни во овој период од годината.
Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
На линијата „Ало докторе“ за медицински совет денеска од 18 до 22 часот ќе биде достапна директорката на Клиника за ендокринологија проф.д-р Славица Шубеска-Страткова, а утре д-р Реџеп Селмани, директор на Ургентниот Центар. На 6 мај во кол центарот „Ало докторе“ ќе биде д-р Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести, на 7 мај доц.д-р Сашко Кедев од Клиниката за кардиологија, а на 8 мај проф.д-р Александар Шиколе Директор на Клиниката за нефрологија.
На 9 мај на линијата од 18 до 22 часот достапна, а медицински совет ќе биде проф. д-р Лидија Чевревска, директор на Клиниката за хематологија, а на 10 мај проф.д-р Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.