На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември кога почна да работи, до вчера имало 35.648 повици.
Oд 11 мај до вчера на линијата за медицински совет се јавиле 894 луѓе.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови.