За само 4 дена, над 700 јавувања!


На телефонската линија „Ало докторе“ 15123 во период од 15.09.2014 година до 18.09.2014 година пристигнати се вкупно 738 повици, со пресек до 22 часот.

Во текот на јавувањата сите граѓани имаат добиено соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, а на оние граѓани на кои им било потребна соодветна симптоматска терапија.

На дваесетина повици од цела Македонија, најчесто од Скопје, докторите специјалисти оцениле дека повикот треба да го пренасочат кон службата за итна медицинска помош.

Најголем дел од повиците се поврзани со респираторна, кардиоваскуларна етиологија и симптомна болка.

Во текот на овие денови во период од 18 до 22 часот на телефонската линија „Ало докторе„ во кол центарот на итната медицинска помош беа дежурни директорите на клиниката за гастроентерохепатологија д-р Ненад Јоксимовиќ, д-р Соња Тасевска-Васиќ – директорка на Здравствен дом Железничар и д-р Јасмина Чабуковска, диркеторка на Клиниката за хируршки болести „СВ. Наум Охридски“.

Во наредните два дена, на 19.09.2014 година на дежурство во кол центарот на „Ало Докторе“ од 18-22 часот ќе биде д-р Билјана Илиевска-Поповска, директорка на Институтот за ТБЦ, а на 20.09.2014 година д-р Тања Спировска, директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ)