СТРЕСОТ И ПРАЗНИЦИТЕ


Празниците, не се само радосна комуникација со роднините и пријателите. Трпези полни со храна и пијалоции, купувањето подароци за најблиските, предизвикуваат стрес. Жените се во поголема мера погодени од овој „празничен стрес” заради големиот број обврски. Според нив, повеќето луѓе не се во состојба да се одморат, се преморуваат за време на празнични денови и насобраниот стрес од старата година го пренесуваат во новата.

Истражувачите анкетирале 417 жени и 369 мажи и утврдиле дека околу 41% од претставничките на понежниот пол и 31% од мажите страдаат од стрес предизвикан од празниците, а како главни причини ги издвојуваат недостатокот на време и на пари, а исто така и потребата да се купат и направат многу работи за кратко време. Жените се уморни повеќе од мажите и доживуваат поголеми непријатности, бидејќи за кусо време тие треба да купат подароци, да ја организираат забавата за семејството или за пријателите, да ги приготват празничните трпези, а сето тоа има силно влијание врз нивната психа и здравје.

Факт е дека секој човек бара самостоен начин за излез од стресот. Највообичаен, но штетен за здравјето е прејадувањето и употребата на големо количество алкохол, а исто така и постојаното лежење на каучот или седење во фотеља пред телевизорот. Оваа опција за излез од стресот се практикува од 50% од испитаниците. Имено, 22,5 % од анкетираните бараат утеха кај своите пријатели, 6% (само жени) ги посетуваат салоните за убавина, 5% одат на прошетка, а само 3% работат за да се ослободат од стресот. Слично е и пред празниците.

Големите редици во супермаркетите и метежот по улиците само ја влошуваат состојбата. Гостопримството претпоставува раскошна вечера (а таа се подготвува минимум еден ден) и купишта валкани садови по испраќањето на гостите. За време на празникот особено тешко се чувствуваат и се под голем стрес осамените луѓе кои немаат со кого да го поминат празникот и спојувањето на стрелките на полноќ. Нив додатно ги растажуваат спомените од минатото или мислата за неуспешниот живот.

Но, за жал, стресните ситуации не завршуваат со празниците. Неколкуте дена на принудно безделничење го прекршуваат вообичаениот секојдневен ритам и на најактивните луѓе. Повеќето од испитуваните луѓе биле „во заробеништво на алкохолот и големи количини храна” или седеле пред телевизор. Малку се оние кои отишле на прошетка за време на празникот или се искачиле на планина да подишат чист воздух…

Експертите препорачуваат подготовките за празниците да започнуваат доста порано и да бидат поврзани на прво место со промена на амбиентот во куќата, а не со приготвување големи количини храна. Најдобро е да се приготват здрави и лесни јадења и напитоци. Така ќе биде избегнат или намален празничниот стрест кој е штетен за здравјето, а последиците од прејадувањето нема да се чувствувате уште долго потоа. Со овие препораки влезете среќни и весели во Новата 2016 година.

Snezana Makrevska

Прим. Д-р Снежана Макревска

специјалист по општа медицина