Правилната исхрана го забавува стареењето


Модерниот начин на исхрана остава траги врз здравствената состојба, а како резултат на тоа предвреме остарува човечкиот организам. Заради лоша и неправилна исхрана се јавуваат одредени симптоми кои алармираат за тревога и јавуваат дека стареењето оди со побрзи чекори. Затоа и не треба да зачудува констатацијата дека постојат млади луѓе со тело на старец и обратно, како што е примерот со Јапонија.  Таму живеат стогодишни луѓе со тело на млад човек, а тоа се должи на активниот живот и здравата исхрана. Еве некои совети  како да го забавите предвременото стареење на организмот и како да се заштитите од тоа со правилна и здрава исхрана:

Губење на меморијатаГубење и проблеми со меморијата немаат само постарите луѓе. Такви проблеми можат да имаат и помладите, иако кај постарите тоа е многу поприсутно. Научниците и истражувачите во оваа област велат дека ако имате проблеми со меморијата сигурно ви е потребно да внесете во организмот омега-3 масни киселини, кои се неопходни за добро функционирање на мозокот. Доколку не ги внесувате преку исхраната, структурата и функциите на мозокот слабеат, а како резултат на тоа, се јавуваат проблени со меморијата. Но, пресуден фактор не е количината на омега-3, туку добриот сооднос на омега-3 и омега-6 масните киселини. Ако не јадете риба, ореви и ленено семе, а јадете преработено месо и месни производи, од мастите кои ги внесувате меѓу другото ќе имате проблеми и со меморијата. Затоа како прво намалете го внесувањето рафинирана и обработена храна. Консумирајте што повеќе маслиново масло или масло од репка. Почесто (барем два пати неделно) јадете риба: лосос, скуша или сардина. Во исхраната вклучете и мелено ленено семе, на пример во јогурт или во житарки. За ужина грицкајте ореви. Барем пет пати во неделата јадете по 9 до 12 бадеми. Помага и земање таблетки со гинко билоба. Со други зборови за добра меморија треба да се храните правилно и да консумирате здрава храна.

Висок крвен притисокДо неодамна високиот крвен притисок се поврзуваше со возраста и со стареењето на крвните садови, но за жал, во последно време се почесто млади луѓе имаат зголемен крвен притисок. Според истражувањата тоа се должи на физичката неактивност, но и на начинот на исхраната. За да биде регулиран крвниот притисок и во граници на нормалниот, нутриционистите и лекарите препорачуваат внесување на повеќе калиум во организмот и тоа преку здрава и правилна исхрана. Знаете ли дека калиум има најмногу во доматите? Експертите предупредуваат дека недостатокот на овој елемент го удвојува токсичното дејство на прекумерната консумација на сол. Најчесто, велат тие, во преработената храна додадена е сол, а не и калиум. За да биде крвниот притисок нормален многу е битен балансот помеѓу калиумот и натриумот во организмот. Додека бубрезите се борат да го исфрлат вишокот на сол, со тоа дополнително се губи и калиум. Оваа нерамнотежа ги оштетува крвните садови и го зголемува крвниот притисок. За повишен крвен притисок постојат и многу други причини, но во текстов станува збор за исхраната. Консумирање многу солена храна е штетно за организмот, па затоа внимавајте. Намалете ја консумацијата на сол, а со тоа и внесувањето на натриум во организмот. Внимавајте да не внесувате повеќе од 1500 милиграми сол, дневно. Намалете го количеството на солта, но целосно не го исклучувајте! Посебно бидете внимателни со таблетите со калиум бидејќи овој додаток во исхраната може да доведе до аритмија и до други кардиолошки проблеми. Бидете претпазливи во се, па дури и кај консумирањето сол има исклучок. Постојат одредени ситуации кога самиот организам бара внесување поголемо количество натриум, односно сол. За време на топлите денови, при обилно потење, може да се случи да дојде до драстично намалување на количината натриум во организмот. Во овој случај, се препорачува зголемено внесување течности, како и на натриум односно сол. Потсетете се на жетварската салата:  толчен лук, краставица, магдонос, оцет, сол, зејтин и вода. Се’ што му треба во лето на организмот. Оваа салата освежува, при тоа лукот и оцетот го штитат организмот од бактерии и вируси, а со неа се внесува и сол и вода кои се губат со потење.        

Недостаток на енергијаНедостатокот на енергија најчесто означува недостаток на витаминот Б12. Овој витамин се наоѓа во храната од животинско потекло. Помага во регулирање на метаболизмот и создава енергија која е клучна за здравјето на мозокот и на нервниот систем.

Болки во зглобовите Чувствувате болки во зглобовите и  тоа му го препишувате на вежбањето, трчањето, пешачењето… Може и тоа да е во прашање, но истражувачите велат дека болката во зглобовите, во колената и во рацете, најчесто е резултат на недостаток на магнезиум и на бакар. Овие два елемента се нужни за здравјето на зглобните ’рскавици и нивната флексибилност. Во повеќето случаи соодветната здрава исхрана и додатоците во исхраната успешно ја поправаат штетата и ја отстрануваат болката. Телото има сила да обновува низа оштетувања, но само доколку му ги обезбедиме неопходните нешта. Како да се дознае точно која е причината за овој проблем? Анализа на крвта може лесно да покаже дали ви недостасуваат магнезиум и бакар. Ако резултатите се пониски од нормалните означени вредности, бидете сигурни дека проблемите со зглобовите не се последица на сериозни ревматски болести и на прекумерна физички активности, туку причината е недостаток на магнезиум и на бакар. Јаткастите плодови како што се бадемите, лешниците, оревите, ф’стците и други,  говедското месо и спанаќот се одлични извори на овие два елемента. Доколку имате посериозни проблеми, дополнително земајте таблетки кои содржат магнезиум и бакар, а за дозата консултирајте го вашиот матичен лекар.

 

И на крајот како заклучок: доколку внимавате на исхраната можно е дури и за неколку дена да намалите некои од наведените симптоми и проблеми,  а ако продолжите со правилен режим на исхрана и консумирате здрава храна, можете и да го забавите предвременото стареење на вашиот организам.

Snezana Makrevska

 

 

 

Прим. Др. Снежана Макревска

Спец. по општа медицина