Досега 25.445 јавувања на „Ало докторе“


16.02.2015На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ од септември досега имало 25.445 повици.
Во изминатите седум дена (од 23 февруари до 1 март) за медицинска помош на линијата се јавиле 1.305 граѓани. Дваесет доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија .
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
На линијата денеска од 18 до 22 часот дежурна ќе биде доктор Билјана Илиевска-Поповска од Институтот за ТБЦ, а утре доктор Тања Спировска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
На 4 март во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде проф.д-р Антони Новотни од Клиниката за психијатрија, на 5 март д-р Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија, а на 6 март д-р Марија Хаџи Лега, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
На 7 март на линијата дежурен ќе биде д-р Илијаз Исмаили, директор на Клиниката за очни болести, а на 8 март д-р Ленче Неловска, директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“.