49.619 повици на телефонската линија за медицински совети АЛО ДОКТОРЕ


Од 15.09.2014 година на телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ (02/15-123) вкупно 49.619 повици.

1205 повици во изминатите седум дена (од 24.08.2015 година до 30.08.2015 година).

Линијата е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од први септември линијата ќе биде засилена со тројца нови специјалисти. 25 доктори ќе бидат достапни за медицински совет  за  јавувањата  кои се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Повиците се  со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.

На линијата Ало докторе често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.

На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ, им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.